Aehra – Најавува електричен кросовер

Италијанците се махери за дигање чалам, а тоа го прават на посебен начин. Само пред четири месеци беше промовирана марката Aehra која се декларира како припадник во ултра-премиум класата на електрични возила. Сега ги прикажа првите скици на спортско-корисно возило за кое производителот ветува дека ќе ги испорача првите единици веќе во 2025 година. Нешто по конкретно се најавува за следниот месец кога треба да биде откриен конечниот изглед и името на возилото. Првите контури на SUV барем укажуваат на необичен изглед за теренец: радикално низок преден дел, зголемена кабина, течен профил и складен заден дел. Од таборот на Aehra велат дека нивното прво спортско корисно возило беспрекорно ја комбинира непогрешливата елеганција на италијанскиот дизајн со најдобрите материјали и технологија моментално достапни за да се донесат опипливи промени во целото искуство на клиентите. По теренецот, марката ќе претстави седан во февруари 2023 година, а испораките исто така треба да започнат на клучните пазари од 2025 година, вклучувајќи ги Северна Америка, Европа, Кина и земјите од Персискиот залив.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER