ADAC – велосипеди и транспорт на деца

Занимливости насловна

Кој систем е најбезбеден?

На пазарот постојат повеќе концепти за превоз на деца. Повеќето не се безбедни!

објавено 27. јули 2021

Покрај класичната приколка за велосипеди, има повеќе транспортни системи за превоз на деца што се популарни во големите градови. Но, дали тие им нудат и на децата доволна заштита од повреди во случај на несреќа? Што е со ракувањето и удобноста за потомството? Германскиот автомобилски клуб спореди пет системи што овозможуваат транспорт на две деца и тоа три различни типови товарни велосипеди, приколка за велосипеди, двојно седиште монтирано на решетката за товар, када седиште во продолжеток на предната вилушка на велосипедот, потоа трицикл со транспортна кутија на предните тркала и систем со детско седиште со дополнителен приклучок со кого може да се влече детски велосипед. Фокусот беше ставен на силните и слабите страни на секој од системите во однос на управувањето, однесувањето во возењето, удобноста и безбедноста, вклучително и тест на страничен судир со автомобил. Тестот во кого беа симулирани типични незгоди во сообраќајот во кои учествуваат автомобил и велосипед со помошен систем за транспорт се фокусира на две мали деца на возраст од 1,5 до 3 години.

 

 

Во направените тестови беше симулирано сценарио за несреќа во кое автомобил го удира велосипедот со 30 км/ч и агол од 45 степени. Варијантата за товарен велосипед „Backpacker“, во која се поставени две детски седишта на решетката за багаж, нуди најдобра заштита од несреќи. Во случај на судир со автомобил, високата позиција на седење значи дека децата не се во областа на директен удар. Важно е да се користат безбедни детски седишта за велосипеди кои се нудат одделно на пазарот.

Приколката за велосипеди, иако не делува така, сепак има добри резултати бидејќи го штити детето со заврзување на сигурносниот ремен и цврста рамка. Недостаток на приколката за велосипеди е што децата седат многу ниско, а тоа значи дека се наоѓаат во областа на директен удар на автомобилот.

 

Системот со транспортна кутија монтирана на продолжена предна вилушка популарно наречен Long Johnон и оној со трицикл се дискутаблни. Самата кутијата може да ги заштити децата кога ќе дојде до судир со автомобил. Сепак, двата система беа превртени на тестот и се лизгаа по патот поради мазната површина.

 

Тука постои голем ризик од судир со возило кое доаѓа од спротивната страна. Покрај тоа, индивидуалните системи со ремени и самата кутија за деца не успеаја да ги заштитат патниците. Тука ADAC гледа голем ризик и ги критикува производителите.

Системот со детско седиште со дополнителен приклучок со кого може да се влече детски велосипед со покажа како најлош на тестовите. Бидејќи детето не е заштитено на приврзаниот детски велосипед, колковите и нозете директно се изложени во случај на судир со автомобилот. Потоа, се покажа дека детето чиј велосипед е влечен, со глава го удира на асфалтот. ADAC советува и возачите и патниците секогаш треба да носат заштитна кацига со цел да се намали ризикот од повреда на главата во случај на несреќа.