Abarth – Се враќа на бензин

По само една година егзистирање како чисто електрична марка, Abarth се враќа на бензинските мотори.

На тоа ги примора драстичниот пад на продажбата – за електричните 500 и 600 купувачите едноставно не покажаа многу интерес. Плановите што се разгледуваат вклучуваат лута верзија на хибридниот Fiat 500 чија продажба тукушто започна.

Но тој има еднолитарски трицилиндричен агрегат со само 64 коњски сили што ќе претставува сериозен предизвик за италијанските инженери. Проблем е и што платформата изворно е конструирана за електропогон и нема доволно простор за вградување нешто поголемо.

Сепак без разлика дали Abarth 500 Hybrid ќе го здогледа светлото на денот или не, извесно е дека марката тежнее да отстапи од досегашната исклучиво електрична стратегија.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER