Дојде време за лансирање на електричната шкорпија на Abarth базирана на Fiat 600 која беше претставена на почетокот на годинава.
Типично италијански беше потегот при лансирањето на Abarth 600e. Рекоа дека ќе има 240 коњски сили и толку.
Затоа сега попријатно звучи изненадувањето дека Abarth 600e ќе биде лансиран во две верзии, најавената со ознака Turismo и полутата Scorpionissima која располага со 280 коњи. Идентични однадвор, од цивилниот Fiat 600 се разликуваат по агресивниот изглед.
Браниците кои се помасивни заради што порасна и должината на целиот автомобил имаат големи отвори за воздух кои главно се само од декоративна природа. Спортскиот карактер го нагласуваат дифузорот и спојлерот назад направени од материјал налик на јагленородни влакна.
Од техничките зафати зголемени се трагите на тркалата кои се од 20 инчи и монтирани се покрути стабилизатори. Опремен е со механички диференцијал со ограничено пролизгување, а сопирачките се засилени со поголеми дискови и четириклипни клешти напред.
Внатрешноста е облагородена со комбинација на кожа и алкантара, седиштата се изразито спортски, а управувачот подебел и со истакната ознака за нултата позиција. Опремата меѓу другото вклучува и аудио систем кој преку звучниците имитира звук на мотор со внатрешно согорување.
За погон е задолжен еден електромотор сместен напред кој посилната верзија ќе ја катапултира до сто километри на час за 5,85 секунди. Максималната брзина е ограничена на двесте, а капацитетот на батериите е доволен за автономија од само 334 километри.
За нивно поефикасно користење Abarth 600e е опремен со три режими на возење кои нудат различни излезни моќности на погонскиот мотор. Цените во Италија се поставени на 43 односно 49 илјади евра.