Abarth 600e – Електрична шкорпија

Посветен на проширувањето на својот асортиман, Abarth најави соработка со моторспорт одделението на Stellantis која има за цел да постави нови стандарди во светот на електричните автомобили. Од неа треба да се изроди најмоќниот модел со знакот на шкорпијата базиран на новиот Fiat 600e, кој ќе располага со 240 коњски сили. Неговиот развој е во завршна фаза и според очекувањата треба да биде способен за забрзување до 100 километри на час за само 6 секунди. Некои калкулации велат дека Abarth 600e би можел да добие и втор електромотор вграден на задната оска и погон на сите тркала, кои ќе го направат уште полут. Овој кросоверски модел има новоразвиен диференцијал со ограничено пролизгување прилагоден на специфичните потреби на електричниот погон и неговите динамички својства. Се споменуваат и подобрен систем за сопирање со поголеми дискови и пневматици развиени на основа на искуствата од формула Е трките. Секој поединечен технички елемент е анализиран и подесен од страна на заедничкиот тим на инженери за да се создаде најдобар пакет. За батериите и автономијата нема информации.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER