Порше Центар Скопје – Мовембер одбележан со едукативна презентација за машкото здравје

Порше Центар Скопје организираше едукативна презентација посветена на машкото здравје и превенцијата.

Иницијативата се надоврзува на долгогодишната општествено одговорна посветеност на Порше Македонија. Ноември е Месецот на машкото здравје. Д-р Александар Мицковски, специјалист хирург – уролог,  во Клиничката болница Аџибадем Систина во Скопје, овозможи директен пристап до стручни медицински совети и едукација за мажите, со посебен фокус на оние во мануелни и високостресни професии во Град Скопје.

Во Македонија, мажите од овие категории често се соочуваат со пречки при пристапот до здравствена едукација и редовни превентивни прегледи, што локалните епидемиолошки податоци го поврзуваат со подоцнежно дијагностицирање на болести што можат да се превенираат. Со организирањето на настанот беа опфатени Стручна презентација и консултации што ги водеше д-р Александар Мицковски и ги запозна присутните со најчестите здравствени ризици и состојби релевантни за локалната епидемиологија, како што е кардиоваскуларното здравје, и одговараше на прашања од учесниците.

Беше ставен акцент на важноста од навремени рутински контроли, следење на крвниот притисок, телесната маса и нивото на шеќер во крвта. Преку стручното излагање на д-р Александар Мицковски, настанот ја поттикна свесноста за важноста на превентивната грижа и им понуди на учесниците јасни и применливи насоки за зачувување на сопственото здравје.

„Визијата на брендот Porsche се темели на мотивација, рамнотежа и лична сила. Надвор од перформансите и иновациите, за нас е суштинска долгорочната одговорност кон заедницата, како и физичката и менталната отпорност на луѓето околу нас“, изјави г-дин Златко Муцунски – Генерален Директор на Порше Македонија во обраќање кон учесниците.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER