Rimac Nevera ја завршува својата кариера – ќе замине во историјата многу порано отколку што се очекуваше, веќе до крајот на годинава.
Сепак ја исполни својата улога лансирајќи го хрватскиот производител во вселенски височини и донесувајќи му одлични зделки. Мате Римац сигурно не е задоволен со бројките – наместо 190 колку што беа предвидени се направени само 71 автомобил.
Причината за тоа не е само високата цена – капацитетите на Rimac дозволуваат производство на максимум едно возило неделно. Nevera чии испораки започнаа пред четири години, беше на располагање во две верзии – стандардна со 1.914 и унапредена R изведба со 2.107 коњски сили.
За перформансите сите имаме слушнато – забрзување до 100 километри на час за само 1,74, а до триста за 8,66 секунди. Исто и за цената од два милиона евра.


