Со освојувањето на престижно признание „Златен управувач“ на јубилејното, 50-то доделување на наградите, Corsa GSE на импресивен начин потврдува дека ја пренесува спортската традиција на Opel во светот на „жешките хечбеци“ во електричната иднина, истовремено нудејќи разновиден спортски автомобил за секојдневна употреба, достапен за широк круг возачи.
Во Opel GSE означува „Grand Sport Electric“ или со други зборови, возбуда, брзина и емоции. Најмоќната верзија досега на овој бестселер во класата на мали автомобили ги надмина своите конкуренти и ја освои круната во категоријата „Најдобар мал автомобил“.
„Нашите нови GSE модели ги претставуваат високоперформансните верзии во широката понуда на Opel. Тие покажуваат колку електричната мобилност може да биде возбудлива и динамична, а истовремено да ги привлече сите категории купувачи. Им благодариме на читателите и на експертското жири на AUTO BILD and BILD am SONNTAG што ја доделуваат наградата „Златен управувач“ на модел од семејството GSE, овојпат на Opel Corsa GSE.
Ова е јасна потврда за тоа колку нашите спортски автомобили за секојдневна употреба оставаат силен впечаток и инспирираат“, изјави извршниот директор на Opel, Florian Huettl. Corsa GSE освои импресивни 4.261 поен, со што ја обезбеди победата пред силната конкуренција. Новата Opel Corsa GSE на тој начин го обединува најдоброто од двата света: исклучително динамичен спортски карактер и докажани практични предности.


