Шведскиот бренд за електрични автомобили со високи перформанси, го најавува својот иден дизајнерски правец.
Концептот Formula 2030 е замислен како физичка манифестација на пошироката стратегија на брендот со што се анимира стратешка насока. Претставува смела еволуција на дизајнерската ДНК, која е цврсто втемелена уште од самиот почеток на Polestar.
Formula 2030 е првиот концепт автомобил создаден под водство на главниот дизајнер Филип Ремерс. Применувајќи ја оригиналната филозофија – да се отстрани непотребното, да се подобри она што останува и да не се прават компромиси со дизајнот, перформансите и одржливоста. Филип Ремерс, главен дизајнер во, вели: „Дизајнот секогаш треба да ги одразува вредностите и мисијата на еден бренд, а токму тоа го направивме со концептот Polestar Formula 2030.
Тој претставува физичка реализација на начинот на кој ги применуваме клучните вредности на Polestar. Станува збор за смела еволуција на нашата веќе добро воспоставена дизајнерска ДНК, со цел да се зајакне позицијата на брендот, при што перформансите се во самиот негов центар.“ Концептот е спортски автомобил со четири врати. Долг е 4.680 мм, широк 2.021 мм, со меѓуоскино растојание од 2.780 мм, додека висината на покривот изнесува само 1.350 мм од подлогата.
Концептот Formula 2030 ја продолжува својата еволуција и мисија за инспирација, претставувајќи кокпит фокусиран на перформанси, целосно насочен кон возачот. Во центарот на вниманието е HyperDIM 20 инчен монитор за информации за возачот, прецизно закривен и поставен директно на столбот на воланот.
Централниот екран со дијагонала од 12,2 инчи е интегриран во централниот тунел кој благо се издигнува, дизајниран така што ја нагласува важноста на примарната позиција на возачот во возилото. Хоризонталната линија во ентериерот – елемент присутен и кај сериските модели на Polestar го опкружува возачот, а потоа се протега низ остатокот од кабината, која е осветлена со индиректно светло.
Четирите поединечни седишта имаат странични потпирачи и перници на надувување, кои се прилагодуваат на секој патник за да обезбедат оптимална странична и надолжна потпора. Polestar се стреми кон повторно воспоставување рамнотежа помеѓу физичките и дигиталните елементи преку мехатроничко решение за контролите, реализирано преку панел со физички копчиња поставен под централниот екран.
Овие осум контроли се целосно приспособливи – како во физичка смисла (корисниците можат да избираат различни типови на прекинувачи, на пример, клацкалки или ротациони контролери), така и во дигитална – и овозможуваат брз и лесен пристап до најчесто користените функции во возилото.
Исто така, можно е програмирање на поединечни копчиња за извршување функции дефинирани од самиот корисник. Како што самото име кажува, најверојатно овие решенија ќе ги видиме во еден од планираните модели на компанијата што треба да се појави во 2030-та година.



