Stellantis – Рокади на дизајнерските места

По заминувањето во пензија на легендарниот Марк Адамс, Stellantis именува нови шефови на дизајн во Opel и Citroen

Досегашниот прв дизајнер на Citroen Пјер Леклерк е прекомандуван во Opel-Vauxhall и сега тој ќе се грижи за изгледот на „молњата од Руселсхајм“ и нејзиниот англиски близнак. Испразнетото место во Citroen го потполнува Сандип Бамбра, но добива ингеренции и за изгледот на DS. Двајцата искусни дизајнери ќе му реферираат на Жил Видал првиот човек за дизајн на европските брендови на Stellantis.

54-годишниот Белгиец својата кариера ја започнал во дизајнерското студио Ghia на Ford во Италија, а во 2000 година се приклучил на BMW Group. Во текот на следната деценија, работел на култните британски брендови MINI и Rolls-Royce, а во 2011 година беше назначен за шеф на дизајн во BMW M. Потоа продолжил со меѓународна кариера; во 2013 година станал шеф на дизајн во Great Wall Motors во Кина, а во 2017 година преминал во Kia Motors во Јужна Кореја како директор за дизајн. На 1 ноември 2018 година, ја презел функцијата шеф на дизајн во Citroën.

Неговиот наследник во „Двојниот Шеврон“, индиецот Сандип Бамбра кариерата во автомобилската индустрија ја започнал Mahindra во Индија. Потоа продолжил  во Tata Technologies и Tata Motors во Индија и Обединетото Кралство. Во 2010 година, тој се приклучил на тимот за дизајн на Peugeot како дизајнер на екстериер. Во текот на повеќе од десет години, тој придонел за развојот на бројни сериски возила, концептни автомобили и проекти за напреден дизајн. Во 2021 година, тој се приклучил на Renault Group како главен дизајнер за напреден дизајн и концептни автомобили. Тој придонел во дефинирањето на дизајнерската стратегија на Renault и раководел со неколку проекти за концептни автомобили и напреден дизајн. Во 2025 година, тој исто така ја презел одговорноста за дизајнерското студио на Renault во Индија. Од април 2026 година, Сандип Бамбра ја извршува функцијата потпретседател за дизајнерска стратегија за Европа во Stellantis.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER