Lancia Gamma – Едено поинакво зрачење

После долго време најавувања Lancia конечно ја прошири гамата со лансирање на својот втор современ модел.

Го носи легендарното име Gamma но сега е кросовер технички многу близок до DS N°7.

Ќе се произведува заедно со него во фабриката во Мелфи, во хибридни и електрични изведби. Дизајнот му е непогрешлив италијански, со семејните линии што ги има и малиот Ypsilon. Силуетата е со издолжени пропорции и купеовски спуштен заден дел, а коефициентот на отпор на воздух изнесува 0,25.

Должината од 4,67 метри обезбедува пространа и модерно осмислена кабина. Повеќе од 60 отсто од видливите површини се изработени од одржливи материјали, а производителот најавува и багажник со зафатнина од 560 литри.

Не се занемарени ни технологиите – дигиталниот интерфејс е двоен, виртуелниот head-up дисплеј има дијагонала од 21 инч а во функција е и гласовен асистент заснован на ChatGPT. Хибридниот погонски склоп на Lancia Gamma располага со 145 коњски сили а електрични верзии ќе има неколку.

Основната е со 230 коњски сили и автономија од 540 километри, додека посилната располага со 245 коњи и ветува 740 километри пат. На врвот на понудата е Gamma HF Integrale со два електромотора и погон на сите тркала. Развива 375 коњски сили, има автономија од 676 километри а до сто на час забрзува за 5,1 секунда.

Брзото полнење овозможува освежување на батериите од 20 на 80 отсто за 27 минути, а поддржано е и напојување на надворешни уреди. Цените во Италија стартуваат од 40 илјади евра за хибридната и 46 илјади за најевтината електрична верзија.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER