FIAT Multiplina – Иднината на микромобилноста

Multiplina црпи инспирација од еден од најмултинаменските автомобили во историјата на марката, FIAT 600 Multipla

Во текот на своето постоење FIAT многу пати докажал дека е владетел на класата на мали автомобили. Сега покажува дека таа позиција сака уште долго да ја задржи.

Со инспирација од моделот Multipla од 1956-та која беше проектирана за шест патници, модерната интерпретација во мали димензии ги максимизира просторот и функционалноста. Должина е 3,04 метри, ширина од 1,40 метри и висина од 1,53 метри, Multiplina овозможува сместување на четири патници во исклучително компактни димензии.

Според архитектура заснована на електричен квадрицикл од категоријата L7, Multiplina е позиционирана помеѓу Topolino и конвенционален автомобил нудејќи повеќе простор и флексибилност на ултра-компактно градско возило, истовремено задржувајќи ја едноставноста на еден квадрицикл.

Multiplina се води од едноставен принцип – користење помалку ресурси за да се обезбеди она што на луѓето навистина им е потребно. Компактните димензии, малата тежина и паметното искористување на просторот ја намалуваат потребата од материјали и ресурси, без притоа да се жртвува секојдневната функционалност.

Електрификацијата е само еден дел од приказната. Multiplina истражува поширока идеја за одржлива мобилност, заснована на едноставност и ефикасно користење на ресурсите со цел да се направи мобилноста поедноставна, попаметна и подостапна, притоа пронаоѓајќи функционални решенија за секојдневните потреби.

Само прашање е дали, кога и  по која цена оваа идеја ќе се претвори во реален производ?

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER