Цели девет години светот чекаше Tesla да ја подготви сериската верзија на втората генерација на Roadster.
Сега знаеме и зошто – автомобилот може да вози наопаку, да лебди во воздух па дури и да направи салто.
Изгледа неверојатно но сето тоа во живо беше покажано на спектакуларната презентација во тест-центарот на SpaceX. Првобитните најави сугерираа дека Tesla Roadster ќе има 2+2 конфигурација и автономија од 1.000 километри но со текот на времето тоа се промени. Тој сега е двосед и со едно полнење на батериите ќе може да помине 480 километри, но не е тоа она што го прави уникатен.
Ќе биде на располагање во повеќе верзии – најсилната чии спецификации не се објавени ќе може да забрза до 96 километри на час за 0,59 секунди и да постигне максимални 370 километри на час.
Опремена е со десет посебни потисници со компримиран воздух кои освен екстремните перформанси овозможуваат и да лета. Освен тоа во каросеријата се интегрирани и моќни вентилатори кои го извлекуваат воздухот под возилото создавајќи вакуум што го држи при возењето наопаку.
Цените не се објавени – се претпоставува дека ќе стартуваат меѓу 200 и 250 илјади долари. Првите испораки се планирани за 2028-мата. Останува нејасно дали за Tesla Roadster ќе треба возачка, пилотска или пак астронаутска дозвола.


