Гранд Ауто ја прошири понудата со знаменосецот на MG
Разликата помеѓу традиционалните и новите производители на возила се топи. Најдобар пример за тоа е MG, големо англиско име во автомобилизимот, кое е во владение на кинески сопственици.
За неполна деценија стана најпродаваната кинеска марка во Велика Британија и се наоѓа на листата на најпопуларните возила на островот. Тоа не е случајност. Новите модели, како што е Ѕ9 не оставаат многу простор за критики. Во салонот на Гранд Ауто ја забележавме изведбата со приклучен хибрид која делува отмено.
Со безмалку пет метри должина и меѓуоскино растојание од 2.915 мм во внатрешноста има доволно простор за три реда седишта и вкупно седум патници. Интериерот е стокмен за удобство на долги патувања и секојдневна практичност. Приклучниот хибрид комбинира 1,5 литрен турбо-бензинец и електромотор кого го храни батерија од 24,7 kW доволна за возење на струја до 100 км, има вкупна моќност од 299 КС и пружа автономија поголема од 900 км.
На располагање се две нивоа на опременост, Comfort и Premium, а почетната цена е 42.900 евра.












