VW ID Tiguan – Заменува два модели

Со погон на задните и на сите тркала, ID Tiguan е опремен со две батерии, но воедно ќе ја продолжи традицијата на името

Колку и да е неблагодарно во ова време, сепак традицијата игра важна улога во портфолиото на една компанија. Volkswagen сфати дека најдобриот начин да ги убеди возачите да купат електрично возило не е да го направи да изгледа чудно или да му даде необично име, туку да создаде потрадиционален дизајн на кросовер што треба да им се допадне на типичните купувачи на VW. Токму тоа го направи со новиот ID Tiguan, кој е дизајниран да ги замени ID 4 и ID 5, но ја користи најновата платформа на компанијата, MEB+.

Сепак, во Волфсбург решија да дополнат уште погони, па Tiguan ќе продолжи да живее со бензинско, дизел и хибридно срце. Споменатата архитектура поддржува три различни верзии и два типа на батерии. Во основата на електричната понуда ќе биде погонот на задните тркала и батерија од 58 kWh која развива 187 коњски сили. Во средината ќе се најде изведбата со погон на задните тркала со 282 коњски сили и користи поголема батерија од 77 kWh. Купувачите кои сакаат погон на сите тркала ќе можат да го нарачаат ID Tiguan во конфигурација 4MOTION, која испорачува вкупно 295 коњски сили и исто така ја користи батеријата од 77 kWh.

Од VW велат дека новиот ID Tiguan може да помине до 600 км со едно полнење според WLTP циклусот. Потенцијалните купувачи на ID Tiguan ќе бидат задоволни кога ќе дознаат дека верзијата со батерија од 58 kWh може да влече товар до 1.800 кг, додека моделите со 77 kWh имаат капацитет на влечење од 2.000 кг. Дизајнот на ID Tiguan веднаш го издвојува од моделите што ги заменува.

Најочигледна е сложената изведба на LED-дневните светла и светлосната лента што се протега низ целата ширина на предниот дел. Страничниот профил на електричното возило не нуди ништо радикално, но вниманието го привлекува линијата на рамената што се протега од аголот на предниот фар, преку вратите, па сè до задната врата.

На задниот дел се наоѓаат впечатливи задни светла со изразена LED-графика и четири тесни, осветлени ленти што ги поврзуваат. Можеби поважно од надворешниот изглед на електричното возило е она што се наоѓа во внатрешноста.

Промените започнуваат со новиот волан, кој користи физички копчиња за контрола на темпоматот и аудио-поставките. ID Tiguan има поголема дигитална инструмент-табла вградена во самата контролна табла, наместо таа да биде само поставена врз неа, како што беше случај кај претходниците.

Целосната понуда на опции допрва треба да биде објавена, но од VW велат дека ID Tiguan ќе биде достапен со опционални предни седишта со функција за масажа, греење и вентилација, аудио систем Harman Kardon и панорамски покрив. Возилото поддржува и „дигитален клуч“, што им овозможува на сопствениците да го користат својот паметен телефон за заклучување, отклучување и стартување на електричниот автомобил, како и да го споделат со семејството или колегите.

Предпродажбата во Германија и повеќето европски земји започнува следната недела.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER