Ceer Exobot – Саудијците влегуваат во производство на ЕВ

Саудиска Арабија сака да стане многу повеќе од пазар за луксузни автомобили и производител на нафта!

Kомпанијата Ceer Motors ги претстави своите први модели, седан и кросовер со заедничка ознака Exobot. Дека намерите се сериозни сведочи фактот што оваа компанија е основана од престолонаследникот на земјата Мухамед бин Салман кој воедно е и потпретседател на владата.

Во приказната за Ceer Exobot осем кралскот семејство се споменуваат државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија, тајванскиот електронски гигант Foxconn, потоа Apple, Hyundai, BMW и хрватскиот Rimac кој е задолжен за испорака на интегрирани електрични погонски системи кои треба да обезбедат врвни перформанси. А тие не се за потценување – седанот треба да забрза од нула до сто километри на час за 2,6 а кросоверот за 2,9 секунди. И тоа во основната верзија со три електромотори со 850 коњски сили – што ќе можат посилните изведби со четири електромотори и 1.111 расни грла, Арапите не кажуваат.

Струјата ќе се складира во батерии од 112 киловат-часа доволни за 560 однос 670 километри, за чие полнење до 80 отсто ќе бидат потребни помалку од половина час. Уште првиот поглед на овие возила кажува дека Ceer сакаше цел свет да дознае за нив. Во футуристичкиот дизајн нема ниту трошка скромност, додека технологиите се избрани меѓу најнапредните што постојат.

На пример затемнувањето на стаклата се менува со притисок на копче а низ целата внатрешност се протега инструмент табла од 48 инчи придружувана со централен екран и уште еден наменет за патниците назад. Управувачот е со облик на јарем а системот за климатизација нуди три мирисни композиции.

Можеме уште да набројуваме но ќе запреме со тврдењето дека возилата посебно се проектирани да се изборат со екстремните температури на Блискиот исток. Терминот за почеток на производството не е објавен – место тоа Саудијците наведуваат дека планираат до 2030-та година понудата да се прошири на вкупно седум модели.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER