Покрај веќе достапната верзија благ-хибрид, понудата сега се проширува со самонапојувачки хибрид.
Популарната Škoda Octavia доби проширување на лепезата погони. Од сега, во својата караванска изведба, особено популарна кај флотните купувачи, добива конфигурација сос самонапојувачки хибрид. Тоа значи дека електромоторот повеќе не служи само како помошен елемент, туку е способен и самостојно да го придвижува возилото користејќи електрична енергија.
Притоа, не е потребно надворешно полнење, бидејќи електричната енергија се обновува преку регенеративно сопирање или, по потреба, се генерира од моторот со внатрешно согорување. Целосната хибридна верзија на Octavia ќе се нуди во две варијанти. Од технички аспект, двете се идентични и се разликуваат само во достапната системска моќност: 100 kW или 125 kW. Како и кај варијантите со благ-хибрид, срцето на погонскиот систем е 1,5-литарскиот TSI бензински мотор, кој испорачува 96 kW или 110 kW.
Тој е дополнет со два електромотора: генератор со моќност од 110 kW, погонски електромотор со моќност од 125 kW, NMC батерија со капацитет од 1,6 kWh и нов автоматски менувач со една брзина (TQ250), дизајниран за сериско-паралелен хибриден погонски систем.


