Пред домашната публика Peugeot ќе се претстави на посебен начин
Смотрата на автомобили во Париз, која започнува идната недела, полека но сигурно се враќа на славата која ја имаше пред „корона колапсот“. Лавот од елисејските полиња ќе има нов штанд да се создаде нови емоции за производите, иновациите и визијата на марката. Во централниот дел на изложбениот простор, ќе доминираат две посебно уредени зони посветени за најновите модели. Ѕведа на поставката е новиот Peugeot E-208 GTi кого ќе го придружува култниот претходник, Peugeot 205 GТi додека 9Х8 ќе го крене адреналинот иако ќе биде во мирување.
Широките патеки ги поврзуваат различните светови, создавајќи флуидна рута истакната со светлосна линија. Таа ги води посетителите низ целата гама од 208, 2008, 308, 308 SW, 408, 3008 и 5008. Новиот концепт на изложбен простор дава конкретен израз на трите вредности кои го обликуваат идентитетот на Peugeot: DRIVING SENSATIONS (Чувства при возење), FRENCH CHARISMA (Француски шарм) и DESIGNED TO LAST (Дизајнирано да трае).


