Alfa Romeo Cuorerosso – манифест за иднината

По години мечтаење за нови модели, алфистите конечно ќе се радуваат

Alfa Romeo подготви концепт со кој ќе ги пречека своите фанови на салонот на автомобилите во Париз. Засега се знае само дека ќе се вика Cuorerosso односно црвено срце и дека ќе ги спојува двата најважни елементи на идентитетот на марката – црвената боја како симбол на спортската страст и срцето како знак за емотивната врска меѓу возачот и автомобилот. Претставувајќи манифест за иднината на производителот тој ќе биде инспириран од префинетата италијанска естетика и ќе има спортски карактер. Никакви други детали не се објавени, така што ќе мора да се стрпиме до 10 часот и 55 минути на 12 октомври за кога е закажана прес-конференцијата на Alfa Romeo во Париз.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER