Leapmotor ја освојува Европа

Кинеската марка за која до пред некоја година никој не беше слушнал сега има повеќе од илјада дилерства низ Европа

Stellantis се пофали дека автомобилите на неговиот кинески протеже се на просечни 22 минути оддалеченост од купувачите – бројката од илјада и дваесет дилерства распространети во 36 земји го овозможува тоа. Најновите отворени продажни салони се во Норвешка и на Балканот а мрежата уште ќе се шири – планирано е отворање и на други нови продажни места уште оваа година.

Брзото ширење на кинескиот производител започна во 2023-тата кога Stellantis презеде 20 отсто учество во компанијата основана 2015-тата од страна технолошкиот гигант Dahua и која својот прв автомобил го лансираше во 2019-тата. Но вистинскиот подем дојде од договорот со кој Leapmotor му ја препушти глобалната дистрибуција на своите возила на Stellantis преку основање заедничко претпријатие во кое Кинезите имаа 49 отсто. Веднаш потоа започна и монтирањето на нивните возила во европските фабрики на Stellantis, дополнето со можност за користење на веќе постоечката продажно-сервисна инфраструктура.

Во меѓувреме Leapmotor стигна до продажба од 600 илјади возила лани, бројка која годинава може и да биде удвоена. Од нив 27 отсто се пласираат во Европа. Ваквиот подем беше добро подржан од развојната стратегија на марката чија гама постојано и незапирливо се дополнува. Сигурни сме дека нема да помине долго време Leapmotor да стигне до тронот за најдобро продавана кинеска марка автомобили, ако не воопшто тогаш барем кога се работи за електричните возила.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER