Иднината на Maserati зависи од Huawei и ЈАС Motors

Продажбата на италијанскиот бренд драстично опадна минатата година и на компанијата ѝ е потребен спас.

Долгорочната иднина на Maserati е неизвесна веќе подолго време, а нејзиниот спасител може да дојде од неочекувано место. Според информациите што доаѓаат од Кина, италијанскиот бренд ги финализирал плановите за соработка со Huawei и JAC, што ќе резултира со создавање на два нови модели. Гласините за можна соработка меѓу Maserati, Huawei и JAC првпат се појавија во мај, но во тоа време разговорите меѓу трите компании беа само во почетна фаза. Сега е потврдено дека брендовите постигнале договор.

Моделите што ќе бидат заеднички развиени ќе се продаваат во Кина под името Maextro, додека на странските пазари ќе го носат логото на Maserati. Ова партнерство првично ќе резултира со создавање на електричен кросовер од средна до голема класа како алтернатива на актуелниот Maserati Grecale Folgore. Електричниот GT модел ќе ја надополни понудата на GranTurismo Folgore.

JAC Motors ќе биде задолжен за инженерството и производството на возилата во истиот погон каде што се произведуваат актуелните модели на Maextro. Huawei ќе ја обезбеди својата платформа Harmony Intelligent Mobility Alliance (HIMA), вклучувајќи го системот за автономно возење Qiankun, технологијата за електричен погон и системот за интелигентен кокпит. Maserati ќе биде задолжен за дизајнирање и продажба на моделите. JAC ќе биде одговорен само за производство на каросеријата во својата фабрика, по што таа ќе се извезува во Италија за финално склопување.

Се очекува Maserati да се насочи кон пазарите на Блискиот Исток, Италија, Франција и Германија за продажба на овие два нови електрични модели. Ова необично партнерство би можело да биде доволно за да се спаси Maserati.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER