Семејството Бофензипен ја основаше Alpina. По продажбата на брендот на BMW продолжи да ги усовршува моделите на Баварците, но под ново име.
BMW Z4 прекина да се произведува пред четири месеци, а сега продолжува да живее во посебниот рафинат на новиот бренд, изработен со страст подеднаква каква во минатото пристапуваше веќе отуѓената Alpina.
Spider е третиот модел на новиот бренд, создаден со помош на Френк Стивенсон, поранешен дизајнер на Ferrari и McLaren. Неговата основа е Z4 M40i – најмоќната верзија на Z4 што ја понуди BMW. Сега трилитарскиот линиски шестцилиндричен мотор има зголемена моќност на 435 КС и вртежниот момент на 580 Nm. Од Bovensiepen велат дека автомобилот забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,2 секунди, наспроти 4,5 секунди кај стандардниот M40i, кој исто така користи осумстепен автоматски менувач од ZF.
Другите модификации вклучуваат преработени амортизери и лесни ковани бандажи. А ако планирате навистина динамично да го возите овој кабриолет, можете да го надградите со пакетот Performance со кого ќе можете да достигнете 295 км/ч.
Визуелните промени што го издвојуваат Spyder-от од Z4 M40i, покрај 20-инчните бандажи, се суптилни, но вклучуваат специјални отвори за воздух на калниците, сјајно црн преден сплитер, странични прагови и поголем заден спојлер.
Седиштата се тапацирани со комбинација од кожа Vernasca и алкантара, додека воланот е обложен со луксузна кожа Lavalina. Доколку сакате целата инструмент-табла да биде обложена со кожа, Bovensiepen може да го овозможи и тоа.
Планирано е производство на само 99 примероци, а цената за секој од нив во Германија ќе започнува од 115.500 евра. Но, ако се договорите со тимот за персонализација на Bovensiepen за боја по нарачка, за обложување на багажникот со Alcantara или за специјална изведба на ентериерот, таа сума брзо ќе се зголеми.
Испораките започнуваат во првиот квартал од 2027 година – речиси цела година откако BMW објави дека моделот Z4 заминува во историјата.


