Жирито од 26 специјализирани новинари од 26 европски земји, во рамките на меѓународниот саем за мобилност во Хановер, едногласно го одбра Renault Trafic E-Tech за лауреат на наградата „Меѓународно комбе на годината за 2027“. Новото електрично комбе означува пресвртница во историјата на моделот. Неговата автономија е 470 км, користи архитектура од 800 V и кругот на вртење се споредува со малиот Clio од 10,3 метри. Ова е шеста титула за огранонок за комерцијални возила на Renault.


