Ќе се укинат дополнителни 50.000 работни места и ќе се затворат четири фабрики
После интензивна и конструктивна расправа, надзорниот одбор едногласно го одобри сеопфатниот план за иднината на групата Volkswagen кој сигурно нема добро да биде пречекан од јавноста иако управата смета дека е силен сигнал со кој ќе се забрза и решително спроведе трансформацијата на компанијата. Таа преземајќи обврска за трицифрена сума милијарди инвестиции ќе укине дополнителни 50.000 работни места, односно вкупно 100.000 со претходно договорените кратења. Тие главно ќе бидат од фабриките во Емден, Цвикау, Хановер и Некарсулм чија иднина не може да се гарантира. Ќе има кратења и во гамата која ќе биде преполовена а комплексноста на понудата ќе биде намалена за околу 75 проценти. Сето ова треба да доведе до зајакнување на финансиската основа која треба да ја обезбедат деветте милиони продадени возила годишно колку што во иднина се очекуваат, донесувајќи оперативна маржа од девет проценти.



