Апсурдите на модерното време

Hyundai ја наплаќа инструмент таблата за возачот како дополнителна опрема!

Трендовите се јасни – дигитализацијата од корен ги смени ентериерите на возилата. Постои и друг тренд – производителите на возила постојано изнаоѓаат нови начини како да заработат повеќе и сé почесто дополнително наплаќаат некои работи кои до вчера се подразбираа како дел од опремата. Иако баш и не се согласуваме со такви размислувања, тоа е цената на модерното време. Но некои отидоа предалеку. Hyundai на пример во основните верзии на Ioniq 3 и Avante не вградува инструмент табла за возачот – возилата доаѓаат со еден голем централен екран на кој се собрани сите информации и командувањето со сите функции. Кој ќе доплати или пак избере поскап пакет опрема ќе добие мало кутивче во висина на погледот сместено зад управувачот на чиј дисплеј доста практично се покажуваат основните информации за возењето.

Информацијата ја открија Американците кај возилата за корејскиот пазар а ние ја проверивме на германската веб страница на Hyundai бирајќи две слични конфигурации на исто возило. Сликите кажуваат сé.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER