Hyundai ги објави првите фотографии на новата генерација на Tucson
Со својот смел и мускулест изглед новиот Tucson ја оживува филозофијата на дизајнот на Hyundai наречена уметност на челикот најавена со концептот Crater реинтерпретирајќи ги природната тензичност и цврстина во самоуверениот профил на популарниот SUV.
Предниот дел интегрира вертикални дневна светла и тесна хоризонтална осветлена лента со браникот со моќен изглед кој дава впечаток дека возилото ќе прегази сé пред себе. Волуметриските крила и задните врати создаваат силен контраст а острата хоризонтална карактерна линија која се протега преку каросеријата го засилува атлетскиот став и структурната конзистентност на моделот. Задниот дел располага со 3Д проектирани призматични светла на кои кога ќе се активираат се појавуваат сложени внатрешни светлосни шеми додавајќи длабочина и визуелна префинетост.
Tucson од петтата генерација порасна во скоро сите димензии, значително подобрувајќи ги комфорот на патниците, ергономијата посебно назад и флексибилноста на багажникот. Внатрешноста е проектирана со визуелна отвореност, интуитивни контроли и умни решенија за секојдневната употребливост. Тенката дигитална табла и управувачот со двоен Д-засек ги минимизираат опструкциите на возачот кој е одвоен од сопатникот со високиот централен гребен.
Спецификациите засега не се откриени – повеќе технички детали се очекуваат пред пазарното лансирање кое во Јужна Кореја се очекува подоцна годинава а другите светски региони ќе следат во 2027-мата.





