Обновена Škoda Slavia (видео)

Зошто вакво нешто нема во Европа?!

Некогаш Škoda имаше успешен настап во класата субкомпактни седани но тоа заврши со Rapid – слабиот интерес на пазарот пресуди. Но дали навистина? Појавувањето на Slavia во Европа може да промени многу, посебно ако не дојде до драстично зголемување на цената која во Индија треба да изнесува околу 9.000 евра.

Да, добро прочитавте – за толку пари се добива лимузина долга 4,54 метри со 1,0 литарски TSi со 115 KS и шестстепен менувач. Оние кои сакаат повеќе ќе ја добијат и со автоматски менувач со осум степени или пак со 1,5 литарски 150-коњски мотор комбиниран со DSG трансмисија со седум степени и задни диск сопирачки. Slavia со обновениот изглед сосема лесно може да се вклопи и во европската понуда на марката. Има нови LED предни и задни светла и помодерни детали, а ќе биде достапна и во атрактивната Monte Carlo изведба со двобојна каросерија.

И опремата исто така не посочува на евтин автомобил. Инструментите се дигитални, камерите имаат приказ од 360 степени, седиштата можат да бидат со масажа а воздушни перници се шест. Плус на тоа има освоено пет ѕвездички на глобалниот NCAP тест. Па зошто тогаш ја нема во Европа?!

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER