Малку над трендовите, во обид да се постават нови трендови
Никој не очекуваше дека освежувањето на C-класата на Mercedes ќе биде нешто повеќе од козметички корекции. Но се случи тоа да измените се малку подлабоки. Сите мотори се доработени за да ги задоволуваат претстоечките Еуро 7 норми, а добиваат и нов електричен турбо-компресор поврзан со 48-волтниот благ хибриден систем. Но она што нам ни е најважно е дека дизелите остануваат во понудата. На нејзиниот врв засега се наоѓа C300e кој според фабричките податоци може да помине 114 километри само на струја.
Истовремено Mercedes го измени изгледот на C-класата за го приближи на нејзината потполно електрична изведба. Напред се нови светла со препознатливиот мотив на трокраката ѕвезда, а дополнително е осветлена и маската. Измените продолжуваат и во внатрешноста. Дигиталните инструменти и централниот дисплеј остануваат, ама сега ја користат четвртата генерација на MBUX системот. Гласовните асистенти одговараат на сите барања, но притоа Mercedes врати и некои физички контроли. Доработена е и шасијата, со потврди амортизери кои би требало да ја подобрат агилноста без нарушување на удобноста.



