Mitsubishi ASX VR-e – Уште еден клон, овој пат тајвански

Од сопствен развој и дизајн Mitsubishi се преориентира на позајмување модели, лесно адаптирање и лепење свои ознаки.

До сега бизнис моделот на Mitsubishi беше разбирлив. За да ги врати некогашните позиции во Европа позајми три модели на Renault кои ги ребрендира. Сега истото го прави за пазарите во Океанија.

Овој пат својата формула на преименување ќе ја употреби на електричниот седан Foxtron Bria кого, за потребите на Mitsubishi, го преименува во ASX VR-e. Foxtron е стациониран во Тајван и преставува заедничко вложување на технолошката компанија Foxxcon и кинескиот производител  Yulon, кај нас познат како производител на скопските двокатни автобуси.

Бидејќи дизајнот е потпишан од Pininfarina јапонците само ги сменија ознаките, на местото каде би пишувало Foxtron сега стои Mitsubishi, а на местото на моделот Bria се појави ASX VR-e. Продажбата ќе започне во Австралија каде ASX VR-e во конфигурациите LS, Aspire, Exceed и GSR.

Сите верзии користат литиум-железо фосфатна батерија од 57,5 ​​kWh, која се нуди во конфигурација со заден мотор со 229 КС и како модел со погон на сите тркала и двоен мотор со 400 КС. ASX VR-e ќе го користи истиот погонски склоп, а бројките за моќност веројатно ќе останат непроменети.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER