JCB Hydromax streamliner – Најбрзото возило на водород

Производителот на земјоделски машини ЈСВ не се шегуваше кога си ја постави целта да го конструира најбрзото возило на планетава со водороден погон.

Hydromax streamliner на солените рамнини Бонвил достигна 368,347 милји на час или 589,355 км/ч! Возењето беше завршено како дел од познатата Недела на брзина Бонвил на Јужната Калифорнија, која се смета за водечки светски настан за трки со брзина на копно, кој бара од тимовите да направат две возења во последователни денови и го зема просекот од достигнатите максимални брзини.

Ова е загревање за инженерскиот гигант кој се подготвува за официјален обид за поставување на светски рекорд на ФИА следната недела. Енди Грин, најбрзиот човек на земјата со постигнати 1.220,856 км/ч, е единствената личност што ја проби звучната бариера на копно, пилотираше со Hydromax streamliner и е голем оптимист за претстојниот предизвик. „Овој рекорд ни даде на сите нас огромна доверба во автомобилот, тимот и квалитетот на инженерството. Со нашиот прв рекорд во торбата, сега ја зголемуваме моќноста на моторите, со цел да одиме уште побрзо следната недела.“

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER