Со новите цени што ги воспостави РКЕ дизелот поскапува за еден денар и е само на половина денар од границата од 100 MKD. Оваа одлука е контроверзна, бидејќи цените на сировата нафта паѓаат. Ова иде во прилог само на инфлацијата. Популистичка мерка е намалувањето на цената на бензините за два денари по литар, но ова е срекја на краток рок бидејќи транспортерите користат дизел и цената на сите производи најверојатно ќе се зголеми. Значи ќар до колена, зијан до гуша. Од полноќ во малопродажвбата ќе важат следните цени:
ЕУРОСУПЕР БС-95 91,00 ден/лит,
ЕУРОСУПЕР БС-98 93,00 ден/лит,
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 99,50 ден/лит.


