Велика Британија воведува наплата по километар за електричните автомобили
Од 1 април 2028-ма година возачите на електрични и плаг-ин возила ќе плаќаат надомест за користење на патиштата според поминатата километража. Оваа мерка доаѓа како одговор на опаѓањето на приходите од продажбата на горива кои се наменети за одржување на патната инфраструктура. Возачите на електричните автомобили ќе плаќаат по три пенија по милја, а сопствениците на плаг-ин хибриди половина од тоа. Вкупната сума ќе се пресметува според прикажаната километража која ќе се бележи при техничките прегледи. Пресметките велат дека за поминати 8.500 милји годишно би се плаќале по 255 фунти, што е половина од сумата која возачите на автомобили со мотори со внатрешно согорување ја плаќаат преку таксите содржани во цената на горивата. Британска влада очекува дека во првата година да се соберат 1,1 милијарди фунти, сума која до 2031-вата би можела да нарасне на 1,9 милијарди фунти. Во анализите е наведено и дека заради оваа регулатива која ќе опфати околу 5,6 милиони возила продажбата на електрични возила би можела да се намали.


