Fiat го потврди својот следен новитет за Бразил
Прославувајќи 50 години од своето делување во Бразил, Fiat откри дека ќе ја прошири својата гама со нов модел. Наречен Argo X тој нема да го замени сегашниот Argo кој е наследник на Punto и Palio туку ќе ја дополни понудата. Дел е од моделската офанзива на марката која до крајот на деценијава предвидува лансирање на по еден сосема нов автомобил секоја година. Изведен е од европската Grande Panda иако нема во целост да биде нејзина копија туку ќе биде прилагоден на локалните барања со специфична палета агрегати, поинакво ослонување, опрема и друго. Главните карактеристики сепак ќе бидат задржани – едноставноста, издржливоста, практичноста и препознатливиот стил.
Што се однесува до прославата, како што може да се погледне во видеото, таа беше спектакуларна.


