Volkswagen ID. Cross – Збогатено портфолиото на електрични компакти

Компактниот кросовер со електричен погон комбинира стилски и моќен дизајн, поддржан од технологии од луксузната класа

Проблемите во кои се најде VW не го спречуваат да скршне од успешниот курс по пого се движи со масовна електрификација на портфолиото.

За да остане „народно возило“, маркетерите од Волфсбург сега го форсираат компактниот сегмент. По претставувањето на ID.Polo i ID.Polo GTI, дојде ред на компактен кросовер на истата платформа со изразена функционалност.

Предноста е во пристапната цена која започнува од околу 28.000 евра. Иако не типчно за оваа ценовно ниво, ID. Cross нуди ниво на квалитет, удобност и опрема што поставува нови стандарди во сегментот на мали автомобили и компактни возила.

Ова се рефлектира во атмосферата на добро чувство во ентериерот, што е постигнато преку фино изработени материјали, површини обложени со ткаенина и висока удобност на седење.

Покрај тоа, новиот инфозабавен систем Innovision обезбедува интуитивно работење и мрежни функции, додека технологиите и системите за помош се превземени од повисоките класи на возила. ID. Cross располага со три нивоа на моќност, 85, 99 и 155 kW и две големини на батерии од 37 и 52 kWh. Тоа овозможува автономија според WLTP до 427 километри.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER