Leapmotor – Нов дијамант во круната на Автонова

Кинескиот член на Stellantis официјално присутен во регионот

Автонова  додаде уште еден бренд во своето портфолио. Нашата компанија започна со импоретрство на FIAT, Lanci и Alfa Romeo пред 29 години, а за своето работење го прошири дејствувањето со марките Abarth, Јеер, JaguarLandRover, Citroen и  DS.  Покрај регионалното застапство за Citroen за Македонија, Србија, Косово, Албанија и Црна Гора, нашата компанија се закити со уште еден медал, овој пат со кинескиот Leapmotor.

Кога зборуваме за возилата базирани на „Новите енергетски платформи“, а тоа се БЕВ и хибридите, марките од далечниот исток го водат колото.  Амбициите не се скромни, бидејќи потенцијалот и технологиите со кои се опремени возила на Leapmotor

ветуваат современ дизајн, врвни техологиии и пристапни цени, токму онакви како што требаат за нашите пазари. На вчерашната промоција беа претставени четири модели кои со својата појава имаат што да пружат.

Најмалиот БЕВ  модел наречен 03 е идеално градско возило. Следи компактиниот хечбек В05, кој исто така е БЕВ. За жал нашата држава нема субвенции за електричните возила, но купувачите ќе ги препознаат квалитетите и придонесите од користењето на овој тип возила.

Затоа се нудат и возила кои имаат хибридна технологија и завиден дострел комбинирајќи го бензинскиот и електричниот мотор.

Тоа се изведбите С10 и В05 кои изненадуваат со својата појава и цените. Во догледно време ќе ги имаме сите на тест, па ќе можеме да ги споделиме импресиите од новите ѕвезди на европското небо.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER