Geely ја засилува европската понуда

Најпродаваниот електричен автомобил во Кина Geely Galaxy Xingyuan доаѓа во Европа

Нудејќи висока динамичност, голема просторност и висока безбедност како што вели производителот, овој компактен хечбек за секојдневен живот ќе ги освојува купувачите под ознаката E2. Спецификациите за европската верзија сé уште не се објавени, ниту пак цените кои во Кина стартуваат под 9 илјади евра. Затоа и лани за него таму се определија 466 илјади купувачи, а за првите пет месеци годинава уште 161 илјада. Долг е 4.135 милиметри и се задвижува со електромотор сместен назад со 114 KS, додека батериите од 39,4 kWh му обезбедуваат автономија од 317 km. Покрај во Кина се произведува уште и во Индонезија, Малезија под знакот на Proton, Белорусија и во фабриката на Renault во Бразил.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER