McMurtry се издвојува од толпата компании кои зборуваат големи работи, но никогаш не ги исполнуваат
Eлектричниот хипер автомобил за прв пат ги привлече вниманието кога ја прегази конкуренцијата во Гудвуд.
Успеа да го искачи ридот за само 39,08 секунди пред да продолжи да ги препишува рекордите низ целиот свет. Сега клиентите конечно ќе добијат можност да откријат дали искуството е толку извонредно како што сугерираат насловите.
Во однос на прикажаниот прототип, серискиот автомобил доби нов, поголем, пакет батерии од 100 kWh кои напојуваат два мотори монтирани на задниот дел кои произведуваат 1.000 КС, доволно за да го лансира Spéirling PURE од 0-100 км/ч за само 1,8 секунди пред да продолжи до максималните 306 km/h км/ч.
Можеби уште поимпресивен е неговиот патентиран систем Downforce-on-Demand, кој може да генерира до 2.000 кг потисок. Поголемото изненадување е што компанијата не го претставува Spéirling PURE како некоја деликатна инженерска творба за која е потребен тркачки тим за да функционира, туку е дизајниран да понуди „влези-вози“ искуство.
Е, па, за вакво нешто треба многу да се плати. Spéirling PURE наменет е само за возење на патека и чини околу 1,12 милиони евра и тоа без давачки. McMurtry вели дека досега продале 25 примероци.


