Најголемиот и најмоќниот модел на Chery се пријави на нашиот пазар, нудејќи високи перформанси, напредна плаг-ин хибридна технологија и простор создаден за целото семејство со седум седишта.
Со импресивни 428 коњски сили и 580 Nm вртежен момент, Tiggo 9 Pro PHEV обезбедува динамично возење и сигурни перформанси во различни услови. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч е за само 5,4 секунди што дополнително го издвојува меѓу возилата во својата класа.
Благодарение на напредниот хибриден систем, возилото овозможува автономија до 170 километри на електрична енергија, додека вкупниот досег достигнува до 1.400 километри.
Овие карактеристики го прават одличен избор и за секојдневно возење и за подолги патувања. Tiggo 9 Pro PHEV располага со седум седишта и пространа кабина дизајнирана со фокус на удобноста на сите патници.
Во комбинација со современи технологии, богато ниво на опрема и внимателно изработен ентериер, нуди искуство кое вообичаено се поврзува со значително повисоки сегменти. Со своите димензии, перформанси и технолошки решенија,
Chery Tiggo 9 Pro PHEV претставува важен чекор во развојот на брендот и дополнително го зацврстува неговото присуство во сегментот на големите SUV возила.
За повеќе информации посетете ја веб-страницата https://cheryauto.mk/


