Nissan Kicks – Конечно претставен дома

После скоро две години Nissan го понуди малиот Kicks и на домашниот пазар.

За разлика од американската верзија која се произведува во Мексико тој ќе излегува од погоните на компанијата во близината на Токио и тоа само со хибриден e-Power склоп.

Карактеристика на овој систем е што 1,4 литарскиот бензинец нема директна механичка врска со тркалата кои ги задвижува електромотор со 143 коњски сили. На купувачите на кои им треба погон на сите тркала се нуди и верзија со дополнителен електромотор од 68 коњи на задната оска.

Дизајнот е скоро идентичен со моделите кои се продаваат на другите пазари а внатрешноста ги следи современите трендови. Почетната цена му изнесува 18.700 долари.

За споредба, Nissan кој во Америка го продава Kicks со класичен дволитарски бензинец за него бара 23 илјади долари. Пласман на овој мал кросовер во Европа не е предвиден.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER