Иако на светските берзи цената на сировата нафта паѓа, кај нас горивата повторно поскапуваат. Малопродажната цена од полноќ станува повисока на ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 1,50 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 2,00 ден/лит, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит. Затоа пак Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 2,50 ден/лит. и ќе изнесува 86,50 ден/лит, а Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,074 ден/кг и ќе се продава по 46,223 ден/кг.
Ова се новите цени:
ЕУРОСУПЕР БС-95 87,50 ден/лит.
ЕУРОСУПЕР БС-98 90,00 ден/лит.
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 87,50 ден/лит.


