ByteDance – ТикТок ќе прави автомобили

Остана ли некој што во бизнисот со електрични возила не гледа кокошка која носи златни јајца?

После цела низа компании главно технолошки, сега и сопственикот на популарната и контроверзна социјална мрежа TikTok ќе истапи со сопствена марка автомобили.

На помош е повикана групата Seres која ќе ја обезбеди поддршката за производство и развој кој очигледно нема да трае долго – како термин за лансирање се споменува оваа година. Никакви детали официјално не се објавени – она што е познато на јавноста базирано на непотврдени гласини е дека се работи за кросовер во електрична и верзија со продолжена автономија.

Новата марка веројатно ќе го носи името Saidou и зад неа ќе стои  истоимената компанија на Seres која настана како замена за марката Landian која слабо се продаваше.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER