Rolls-Royce ја претстави втората серија на електричниот Spectre кој уште од кога се појави во 2023-тата заради безвременскиот дизајн, напредните технологии и добрите карактеристики стана еден од најзначајните модели на модерното доба на марката.
И новиот модел кој иако изгледа исто донесува низа подобрувања се надоврзува на овој успех. Главните измени се во погонскиот систем кој сега располага со 600 коњски сили кои кај Black Badge изведбата се искачуваат на 680. Редефинирани се и батериските ќелии со што времето на полнење е скратено а автономијата продолжена на 628 километри.
Стилските подобрувања во внатрешноста донесуваат бесконечно многу можности за уникатна персонализација.
На пример сега е достапна завршна обработка со која се нагласува елеганцијата за која се трошат по 16 километри конец и тоа во 50 различни нијанси по избор на купувачот.
Инструмент таблата и часовникот инспириран од воздухопловите се нови а во декоративните плочи се имплементирани дури 8.108 поединечни светлосни елементи налик на пиксели.
Ексклузивноста секако има и цена која сé уште не е објавена, но сигурно нема да биде пониска од 300.000 фунти.


