Elektron Quasar – Пристигнува „Црната дупка“

Електричните хиперавтомобили нé научија дека огромните бројки веќе не се невозможни, но има ли крај трката со апсурдната количина коњски сили и спектакуларните перформанси?

Германската компанија Elektron Motors смета дека уште сме далеку од тоа подготвувајќи го својот  модел наречен Quasar. Има карбонска конструкција, активно ослонување, тежина од само 1.427 килограми и четири електромотори со вкупно 2.413 коњски сили и 2.790 Nm. За забрзување до сто километри на час му требаат едвај 1,65 секунди, а најголемата брзина е ограничена на 450.

Без блокада би можел да постигне 525 километри на час. Од компанијата споменуваат и автономија од 604 километри и ултрабрзо полнење до 85 отсто за приближно 15 минути. Покрај сé, производителот тврди дека не сака Quasar да нуди само брутални забрзувања туку и чувство на механичка драма која електричните автомобили често ја немаат. Затоа и има вградено склопови кои не се среќаваат кај другите како што се механичките диференцијали со ограничено пролизгување и електрохидрауличен систем за управување.

Поседува и симулиран осумстепен менувач и звук кој би се слушнал дури од вселената. Накратко кажано Германците веруваат дека за ваков хиперавтомобил не се доволни само суровите перформанси и дека разликата е во доживувањето на возењето. Со тоа можеби ќе убедат 99 купувачи да платат по 2,2 милиони евра плус давачки. Испланиран е и втор модел со околу 1.400 коњски сили и цена од 600.000 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER