Aito M9 – Луксузот може да тера и на три тркала

Кинезите повторно се надминаа самите себе си – втората генерација на луксузниот теренец Aito M9 настанат во соработка на Seres групата и Huawei може да вози и на три тркала.

Овој модел лансиран пред само две години е достапен во две верзии, стандардна и продолжена која се растегнува на дури 5,4 метри. Сé во него е подредено на незамислив луксуз – доаѓа со пет или шест седишта, има четири екрани,

аудио систем со 43 звучници и автономен систем со сериозни способности кои ги обезбедуваат 6 лидари, 5 радари, 12 ултразвучни сензори и исто толку камери. Патниците се заштитени со безброј безбедносни системи а за комфорот се грижи активната платформа со двокоморно воздушно ослонување и електронски контролирани амортизери.

Уникатност му се и интелигентните светлосни групи кои можат да проектираат скоро сé. Се нуди со повеќе погонски групи – електрични со неколку нивоа на моќност и максимални 890 коњски сили и со бензински мотор како продолжувач на автономијата.

Во согласност со сето споменато е и цената која стартува од за Кина сериозно високи 60 илјади евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER