Škoda се подготвува за радикален чекор – ги проценува можностите да го понуди индискиот Kylaq во Европа.
Помал од Kamiq овој кросовер поставен на локализирана верзија на истата платформа би бил сериозна конкуренција на најевтините модели на пазарот како што се Dacia Sandero, Fiat Grande Panda или пак Citroen C3.
Според зборовите на директорот на компанијата Клаус Целмер во моментот се врши анализа дали може да се прилагоди на европските стандарди и колку тоа би ја зголемило цената која во Индија изнесува неверојатно ниски 6.800 евра.
Škoda Kylaq претставен пред година ипол е задвижуван од еднолитарски турбо мотор со 114 коњски сили спарен со шестстепен мануелен или автоматски менувач. Опременоста во матичната земја му е над нивото на класата, дизајнот современ а практичноста доста изразена, така што се верува дека без предрасуди би им се допаднал на европските купувачи.


