Заради поплавата нови модели Кинезите најчесто се определуваат за алфанумеричка комбинација во нивните ознаки.
Оние пак кои сакаат да бидат различни мака мачат да им смислат имиња, посебно некои кои ќе бидат лесно изговорливи за странците. Заради тоа државниот премиум бренд Hongqi се одлучи да ја повика јавноста на помош објавувајќи конкурс за името на својот прв робусен теренец ветувајќи му нов автомобил како награда за победникот.
Се јавија дури 310 илјади луѓе со повеќе од 67 илјади различни предлози. Маката стана уште поголема заради што Hongqi ја покажа и сериската верзија под работната ознака P567. Изгледот му е екстремен но балансиран и привлечен а внатрешноста модерна и луксузна.
Погонот е електричен со продолжена автономија каде дволитарскиот мотор работи како генератор за струја за четирите електромотори со вкупно 830 коњски сили. Воздушното ослонување и блокирањето на диференцијалите ќе му помогнат да се справи со тешките теренски предизвици.
Продажбата ќе му започне пред крајот на годинава. Европа не се споменува туку само Блискиот Исток.


