Само една деценија требаше Охрид да се трансформира од туристичката дестинација во автомобилска мека!
Пред десет години во поранешниот индустриски комплекс на ЕМО во Охрид започна приказната која денес се вбројува како најуспешна германска инвестиција во Македонија.
Во Охрид се важни плажите, хотелите, туристичко-угостителските капацитети, културните манифестации како „Охридскот лето“, но стожер на стопанството е „Костал Македонија“, компанија што перманентно вработува 1.300 високо обучени луѓе и високо котира на светската автомобилска мапа како доверлив снабдувач на сложени и софистицирани автомобилски компоненти, производствен центар на глобалната автомобилска индустрија.
Денес оваа компанија ги поврзува Охрид и Македонија со имиња како BMW, Volkswagen, Porsche, Mercedes-Benz… Декадата на постоењето на нашата гордост во светската автомобилска мапа беше одбележана во камерна, но свечена атмосфера. Прославата, покрај врвните менаџери на компанијата ја збогати присуството на нашиот Премиер, Амбасадорката на Република Германија, како и Андреас Костал, претседател на Управниот одбор на Групацијата Костал.
Благодарение на Костал Македонија, нашата држава е препознаена како дестинација за сериозни инвестиции, едукација на вработените и нивна силна евалуација во глобалните производствени капацитети низ Европа. Приказната на „Костал Македонија“ е пример како можа да се создаде европски успех и кај нас. Нека се множат успесите!



