Поминаа 50 години од кога значката GTI почна Фолксвагените да ги прави повозбудливи.
Сега за прв пат GTI прикаската станува електрична, но тимот од Волфсбург смета дека новиот ID.Polo GTI го задржа вистинскиот карактер на „жежок хечбек“.
Дури и рецептот е многу поразличен. Тука не се работи само за црвени штепови, украсни елементи и големи тркала.. VW се потруди да го наполни првиот електричен GTI со технологии достојни за значката.
ID. Polo GTI има еден електричен мотор кој испраќа 226 КС и 290 Nm на предните тркала. Тоа е доволно за забрзување од 0-100 км/ч за 6,8 секунди и далеку помалку возбудлива максимална брзина од 175 км/ч.
Секој ID. Polo GTI добива електронски контролиран преден блокирачки диференцијал, адаптивно DCC спортско потпирање, прогресивно управување, 19-инчни алуминиумски тркала, премиум спортски седишта, IQ.LIGHT LED матрични фарови и наменски режим на возење GTI.
Притиснете го копчето GTI на двокракиот волан и одговорот на моторот, управувањето, амортизерите и системите на шасијата се префрлаат во нивните најжестоки поставки. Неговата батерија од 52 kWh овозможува автономија од 424 км што е 30-ина км помалку отколу кај стандардната изведба според WLTP циклусот.
VW ID. Polo GTI поддржува полнење до 105 kW на брз полнач, па од 10 до 80 проценти потребни се околу 24 минути. Внатре, GTI доби ознака на врвот на воланот, осветлени GTI логоа, спортски седишта со традиционални GTI украси и лопатки за степенот на рекуперација.
Дигиталениот кластер од 10,25 инчи е поврзан со 12,9 инчен екран на допир, со ретро режим на прикажување што реплицира на старата контролна табла на Golf и многу вистински копчиња на воланот и контролната табла.
Опциите вклучуваат звучен систем Harman Kardon од 425 вати со 10 звучници, панорамски стаклен покрив и електрично подесиви предни седишта со 12 насоки со пневматска масажа. Во Германија, доколку се држите до основната спецификација, ID. Polo GTI можете да купите за помалку од 39.000 евра.


