Opel е прв бренд од групацијата Stellantis што ќе почне да произведува модел во соработка со Leapmotor
Нов кросовер во високо конкурентниот „Ц сегмент“ ќе дојде на пазарот за само две години. Иако веќе го има Grandland, Opel смета дека тоа нема да биде канибализам на веќе постоечкиот модел. Благодарение на деловно партнерство со Leapmotor означува почеток на ефикасна глобална соработка.
Истовремено, ѝ овозможува на „Молњата од Руселсхајм“ да направи голем стратешки чекор напред во однос на електрификацијата. Новиот производ, кој уште нема име, ќе се продава заедно со сегашните кросовери Grandland, Frontera и Mokka.
„Нашиот нов SUV е дизајниран и создаден од Opel во Rüsselsheim и развиен од нашите тимови лоцирани во Германија и Кина. Партнерството со Leapmotor овозможува пократко време на развој од две години. Со ова, Opel ќе направи чекор напред во производство на возбудливи, достапни, најсовремени електрични возила за нашите клиенти“, изјави извршниот директор на Opel, Florian Huettl.
Новото возило ќе користи основни компоненти од најновата електрична архитектура и технологија на батерии на Leapmotor, во комбинација со препознатливиот дизајн на Opel, искуството во внатрешноста, инженерството на шасијата, како и технологијата за осветлување и седење. Идниот модел ќе се произведува во шпанската фабрика во Зарагоза, Шпанија, паралелно со Opel Corsa која таму се произведува од 1982 година.


