Volvo EX60 – Започна производството

Volvo започна со производство на EX60 во фабриката во близината на Гетеборг во која во последниве неколку години се вложени скоро милијарда евра.

Она што го прави посебен овој средно голем кросовер е што е прв и засега единствен електричен модел на марката целосно развиен во Шведска. Интересот за него е доста голем, дотолку што се размислува за кратење на времетраењето на годишните одмори на работниците за да се обезбедат доволни количини возила.

Првите испораки во Европа се предвидени за летово, по што ќе следи и негово лансирање во Америка и Азија. Volvo EX60 има импресивни технички податоци – автономија од дури 810 километри и батерии кои до осумдесет отсто од капацитетот се полнат за само 16 минути.

Посебно привлекува интерес и со тоа што цената му е споредлива со плаг-ин хибридната изведба на најдобро продаваниот модел на марката XC60.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER